18 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕПОВЕЌЕ НИШТО НЕМА ДА ВЕ ВОЗНЕМИРУВА: Техника која ги трга стресот и...

ПОВЕЌЕ НИШТО НЕМА ДА ВЕ ВОЗНЕМИРУВА: Техника која ги трга стресот и негативните мисли

За само 10 минути ќе се ослободите од стресот и негативните мисли. Секој треба да ја прифати оваа техника.

Психологот Енди Вол создаде техника која му помага на нашиот ум да се опушти, а најдобро од сè, потребни се само 10 минути дневно. Тие 10 минути можат да влијаат на целиот наш живот. Колку побрзо ја научите и усвоите оваа техника, толку подобар и полесен ќе ви биде животот.

„Живееме во свет во кој сè се случува многу брзо. Имајќи го тоа на ум, сакам да размислите за момент кога последен пат не сте направиле ништо? Само 10 минути без да ве вознемируваат? Кога не велам ништо, навистина ништо не мислам. Значи, без пораки, без мејлови, без интернет, ТВ, приказни, храна, читање, дури ни размислување.

Умот е најскапоценото нешто и ако не му дозволиме малку да земе здив и одмори, голема е веројатноста дека целиот живот ќе го поминеме во стрес.

Нашиот ум секојдневно се бори со мислите со кои го полниме, а такви ги има се повеќе и сосема е нормално во одреден момент да дојде до анксиозност, стрес и негативни мисли.

„Токму затоа е создадена оваа техника, за да ни помогне да научиме да живееме полесно и поквалитетно, за да не го изгубиме целосно умот“, вели Енди.

Клучот за сè е медитацијата, таа е исцелување и вистинскиот живот се менува на подобро. За прв пат отидов на медитација со мајка ми кога имав 11 години.

Не мислев дека тоа би можело да биде некаква превентивна мерка се додека не наполнив 20 години кога ми се случија многу работи за краток временски период, навистина сериозни работи кои ми го свртеа животот наопаку и одеднаш бев обземен од мисли и тешки емоции со кои не знаев дека се справувам. Беше навистина стресно време и потоа повторно се свртев кон медитација и тоа ме спаси.

Освен тоа, решив да се замонашам и извесно време да се дистанцирам од сите. Тие неколку месеци што ги поминав сам, без гужви, врева и модерна технологија, ме научија повеќе да ценам се што ни дал животот. Не велам дека треба целосно да избегате од сите, туку дека треба да си дозволите 10 минути секој ден целосно да се исклучите. Не размислувате за ништо, само уживате во моментот. Затворете ги очите и дајте му целосен одмор на умот.

Започнете денес и за неколку дена ќе забележите како сè во животот има смисла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП