4 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКорпоративните услуги го поттикнуваат бизнисот на „Zoom“

Корпоративните услуги го поттикнуваат бизнисот на „Zoom“

„Zoom Video Communications“ објави прогноза за приходите за тековниот квартал што ги надмина очекувањата на аналитичарите. Ова сугерира дека нејзиниот проширен пакет производи ужива раст на деловните клиенти, пишува „Bloomberg“.

Приходите ќе бидат меѓу 1,16 и 1,17 милијарди долари во периодот до крајот на октомври, објави компанијата. Со исклучок на одредени ставки, заработката би била околу 1,30 долари по акција. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 1,24 долари прилагодена заработка по акција на 1,16 милијарди долари од продажба, покажаа податоците собрани од „Blooomberg“. Компанијата, исто така, ги зголеми насоките за приходите и профитот за својата фискална година.

Одделно, „Zoom“ објави дека нејзиниот главен финансиски директор, Кели Стекелберг, ќе се повлече од својата позиција на крајот на тековниот фискален квартал, на 31-ви октомври. Компанијата соопшти дека заминувањето на Стекелберг не е резултат на никакво недоразбирање со „Zoom“. Веќе започна потрагата по некој кој ќе го пополни местото.

Компанијата, позната по софтверот за видео повици, се фокусира на понуда на повеќе алатки за деловните клиенти, вклучувајќи телефонски системи, контакт центри и асистент за вештачка интелигенција. „Zoom“ тврди дека имал 191.600 клиенти од претпријатијата, вклучително и 3.933 кои придонеле повеќе од 100.000 долари во приход во изминатите 12 месеци. Приходите од корпоративните услуги се зголемија за 3,5 отсто на 682,8 милиони долари во фискалниот втор квартал.

Цената на акцијата на „Zoom“ порасна за околу 2% во текот на тргувањето по завршувањето на сесијата во Њујорк на 60,23 долари. Акциите на компанијата паднаа за 16% од почетокот на годината и достигнаа рекордно ниско ниво претходно овој месец.

Вкупните приходи од продажба се зголемија за 2,1% до 1,16 милијарди долари во периодот до 31-ви јули. Просечната прогноза на аналитичарите беше 1,15 милијарди долари. Без одредени ставки, заработката за кварталот беше 1,39 долари по акција, во споредба со просечната проценка од 1,22 долари по акција.

Сепак, континуираната загуба на потрошувачи и мали бизниси ги загрижува инвеститорите, особено затоа што овие клиенти се попрофитабилни од корпоративните клиенти. Просечниот месечен одлив во овој сегмент во кварталот изнесуваше 2,9%, наспроти 3,2% во претходниот квартал. Приходите од продажба во сегментот изнесуваат 479,7 милиони долари, речиси непроменети од претходната година.

Извршниот директор Ерик Јуан рече дека бизнисот на компанијата со помали клиенти покажува „отпорност“, додавајќи дека бројот на повлекувања е најнизок за „Zoom“ досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП