19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„RWE“ изненадува со подобар од очекуваниот профит од гасните постројки

„RWE“ изненадува со подобар од очекуваниот профит од гасните постројки

Германската „RWE“ објави подобра од очекуваната добивка во првото полугодие од електраните на гас. Компанијата, исто така, произведе рекордни количини енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ), според финансискиот извештај.

Вкупниот профит од ОИЕ достигна 1,55 милијарди евра, наспроти 1,48 милијарди евра една година порано. Компанијата во првите шест месеци генерирала 26 терават часови зелена енергија поради одличните услови за ветерните електрани во првите месеци од годината. 45% од целата електрична енергија произведена од компанијата доаѓа од обновливи извори. „RWE“ инвестира 4,5 милијарди евра во нови проекти за ветерници, соларни постројки и батерии.

Добивката од гасните постројки незначително надминува милијарда евра, наспроти 900-те милиони евра што ги очекуваа аналитичарите.

Заработката пред даноци и такси (EBIDTA) се намали за 30% – од 4,1 милијарди евра во првата половина на 2023-та година на 2,89 милијарди евра денес. Сепак, причината е намалувањето на цената на струјата во Европа. Компанијата бележи намалено производство од јаглен – лани поради високите цени на струјата во ЕУ многу погони за јаглен работеа со полн капацитет и со голем профит. Меѓутоа, сега ситуацијата е променета.

„RWE“ ја одржува својата прогноза за добивка за 2024-та година меѓу 5,2 и 5,8 милијарди евра и ја зголемува дивидендата на 1,10 евра по акција оваа фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП