15 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНикако со ладна вода! Еве како да се разладите во топлите летни...

Никако со ладна вода! Еве како да се разладите во топлите летни денови

Кога сакаме да се освежиме и оладиме, често посегнуваме по ладна вода, но тоа не е најдоброто решение.

Покрај тоа, овие денови треба да избегнувате премногу кафе и алкохол.

Телото најдобро ќе ја искористи водата на собна температура, па затоа е подобро да ја пиете таа, а не онаа од фрижидерот. Имено, ова е една од грешките што многу луѓе ја прават. Исто така, водата е подобра опција од сокот бидејќи полесно ја гасне жедта.

Голема грешка е да пиете ладна вода или сокови полни со мраз на топло време, бидејќи тогаш на течноста и треба повеќе време да се прошири низ телото и да хидрира.

Сепак, уште еден пијалок е идеален за овие топли денови. Имено, добро е да се пие малку топол чај. Чајот ќе го стимулира потењето, што ќе го разлади телото. Сепак, ова води до губење на течност од телото. Затоа треба да пиете многу вода секој ден, бидејќи така вашето тело ќе биде подготвено за жештините и полесно ќе ги поднесе.

Водата треба да се пие наутро, на празен стомак, тоа е идеално. На овој начин, телото ќе добие течност веднаш наутро и ќе се ослободи од токсините. Кожата ќе биде мека и хидрирана, па брчките ќе се развиваат побавно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП