Францускиот снабдувач со енергија „EDF“ успеа да ги надмине проблемите и да расчисти долг од 10 милијарди евра по рестартирањето на производството на својата нуклеарна енергија, се вели во финансискиот извештај за четвртиот квартал од минатата година.
Компанијата отпиша британски имот во вредност од 7,9 милијарди евра, вклучително и оние поврзани со реакторот „Hinkley Point“, чија цена се зголеми во споредба со првичните планови.
„Ние сме во разговори со британската влада и други инвеститори за проектот „Sizewell C“ (во кој е вклучен и „Hinkley Point“)“, изјави извршниот директор на француската компанија Лук Ремонт.
Нето добивката на „EDF“ достигнува 10 милијарди евра, наспроти рекордната загуба од речиси 18 милијарди евра загуба за 2022-ра година, се гледа и од извештаите. Ова го одразува обновувањето на производството на француската нуклеарна централа – зголемување од нешто повеќе од 41 терават час на 320 терават часови – и историски високите цени на електричната енергија во минатата година. Од почетокот на годинава работат 46 реактори на компанијата со вкупна моќност од 50 гигавати.
Извештаите покажуваат и закрепнување во работата на хидроенергетските капацитети – за 6,3 терават часови до речиси 39 терават часови.
Обврските на компанијата се намалени на 54,4 милијарди евра наспроти 64,5 милијарди евра до крајот на 2022-ра година.
Во наредните години, предизвиците за компанијата се главно поврзани со плановите на француската влада во областа на нуклеарната енергија и изградбата на шест нови реактори и да ја прилагоди нивната работа на се поголемиот број соларни и ветерни капацитети.
Минатата година, производството на „EDF“ беше едно од најниско јаглеродно интензивните во светот – 37 грама јаглерод диоксид на киловат час, што е намалување за 26% во споредба со 2022-ра година.