28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордно ниска продажба на германското пиво

Рекордно ниска продажба на германското пиво

germanbeer

Продажбата на пивото произведено во Германија минатата година се намалила на најниско ниво.

Продадени се 96,5 милиони хектолитри, односно 1,8 отсто помалку отколку во 2011 година, објави денеска германската Државна агенција за статистика – Дестатис.

На германскиот пазар лани се продадени 83,9 отсто или 81 милион хектолитри од проиведеното пиво, што во однос на 2011 година е помалку за 2,1 отсто. Обемот на извоз на германското пиво во земјите од ЕУ е намален за два отсто, на 11 милиони хектолитри, но извозот во земјите надвор од Унијата е зголемен за 4,6 проценти и достигнал 4,3 милиони хектолитри.

Лидери во производство на пиво, како и претходните години, се сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија и Баварија. Тие минатата година произвеле 24,7, односно 22,9 отсто од вкупното количество на пиво произведено во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП