2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку јајца можеме да јадеме на ден?

Колку јајца можеме да јадеме на ден?

Ако некогаш сте се запрашале дали јадете премногу или премалку јајца, нутриционистите сега се согласуваат за тоа колку јајца треба да јадете дневно.

„Јајцата добија „лошо име“ со текот на времето. Многу луѓе сè уште мислат дека јајцата го зголемуваат нивото на холестерол, но тоа не е точно. Холестеролот во исхраната всушност го подобрува холестеролот“, вели нутриционистот Кери Гласман.

Многу нејзини колеги ги истакнуваат придобивките од јадењето јајца. Тие се полни со здрави масни киселини и микронутриенти, како витамин Б и селен, кој го зајакнува имунолошкиот систем.

Меѓутоа, само затоа што јајцата имаат многу здравствени придобивки не значи дека треба да ги јадете во неограничени количини. Всушност, постои точен број на јајца што треба да ги консумирате дневно за да ги добиете сите придобивки од нив.

Американското здружение за срце препорачува околу 300 милиграми холестерол во исхраната дневно. Бидејќи јајцата имаат приближно 185 милиграми по парче, идеално е да се јадат помеѓу едно и две јајца дневно, а остатокот од исхраната треба да има помал дел од холестерол.

Доколку, пак, сте на диета и јадете само белки, треба да јадете најмногу осум дневно, пишува „Eat this“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП