6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlitalia „загуби“ 500 милиони евра

Alitalia „загуби“ 500 милиони евра

alitalia1

Италијанската авиокомпанија „Alitalia“ оваа година ќе забележи вкупна загуба од околу 500 милиони евра, што е речиси двојно повеќе во однос на минатата година.

Минатата година, загубата изнесуваше 280 милиони евра.

Загубата од работењето на „Alitalia“ во оваа година би можела да биде околу 380 милиони евра, додека минатогодишната изнесуваше 119 милиони евра.

„Компанијата оваа фискална година ќе ја заврши со загуба од околу 500 милиони евра“, изјави неименуван извор близок на компанијата.

„Потребно е најбрзо што може да бидат обезбедени 130 милиони евра за подмирување на долговите на кои веќе им е истечен рокот за отплата. Доверителите можат да го продолжат рокот на отплата, тие во моментов се согласија со тоа“, се вели во изјавата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП