1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПодарок ваучери од dm: Совршениот подарок за вашите колешки, соработнички или деловни...

Подарок ваучери од dm: Совршениот подарок за вашите колешки, соработнички или деловни партнерки за Денот на жената – 8 Март!

Елегантен и практичен подарок кој никого нема да го остави рамнодушен: Подарок ваучерите од dm во износ од 350, 500 и 1.000 денари со 3 различни мотиви ги исполнуваат сите желби! 

Некои од нас уживаат да го искажуваат вниманието и благодарноста со зборови, но на некои тоа им е потешко. Зборовите играат важна улога, но што се случува кога не може да пронајдеме соодветни зборови? Тука настапуваат подароците! Без дилема, 8 Март е совршен повод да им покажеме на жените во нашиот живот колку ги цениме и колку ни се важни. 

Токму затоа е dm тука, да ви понуди едноставен и брз начин да дојдете до соодветен подарок, независно дали станува збор за колешки, соработнички, деловни партнерки или едноставно за некоја драга личност во вашиот живот.Вредносните ваучери се одличен избор, за компании кои сакаат на своите колешки или соработнички да им гочеститаат празникот за што постои и можност за плаќање на фактура. Освен тоа, со купување на 50 вредносни ваучери од 350, 500 или 1.000 денариследува еден гратис ваучер во истата вредност! 

Благодарение на неговата практичност и убавите мотиви, dm подарок ваучерите совршено се вклопуваат како подарок за секоја прилика. Ваучерите може да се набават во сите dmдрогерии во вредност од 350, 500 и 1.000 денари, а сопственикот на вредносниот ваучер може да го искористи истиот како платежно средство во сите дрогерии на dm и да си ги набави своите омилени производи.

Повеќе информации можете да најдете на веб страницата на dm: Подарок ваучери | dm Македонија, а Вашите нарачки можете да ги направите на е-mail адресата: [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП