28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве како можете да го предвидите почетокот на деменција

Еве како можете да го предвидите почетокот на деменција

Врз основа на нивото на одредени протеини во крвта, може да се предвидат неколку форми на деменција повеќе од 10 години пред да се дијагностицира болеста, покажуваат резултатите од најновата студија на британски и кинески научници објавени денеска.

Студијата, објавена во списанието „Nature Aging“, е дел од тековното истражување со повеќе тимови за да се идентификуваат пациентите со ризик од развој на деменција со помош на едноставен тест на крвта.

„Врз основа на студијата, се чини веројатно дека ќе бидат развиени тестови на крвта кои можат да го предвидат ризикот од развој на деменција за 10 години“, рече Сузан Шиндлер, истражувач на Алцхајмерова болест на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, Мисури.

Авторот на студијата Џијан-Фенг Фенг од Универзитетот Фудан во Шангај рече дека ваквите тестови се важни за постарата популација како што е онаа во Кина и преговара за потенцијални комерцијални тестови на крвта врз основа на најновите истражувања.

Истражувачите од Универзитетот во Ворвик во Велика Британија и Универзитетот Фудан во Кина проучувале 52.645 примероци на крв од Обединетото Кралство собрани помеѓу 2006-та и 2010-та година од луѓе кои немале знаци на деменција во тоа време. Од нив, 1.417 луѓе на крајот развиле Алцхајмерова болест или друга форма на деменција.

Истражувачите откриле дека луѓето чија крв има повисоки нивоа на протеините „GFAP“, „NEFL“, „GDF15“ и „LTBP2“ биле изложени на ризик подоцна да развијат Алцхајмерова болест или друга форма на деменција.

Во моментов, скенирањето на мозокот може да открие покачени нивоа на протеинот наречен бета амилоид многу години пред да се развие Алцхајмеровата болест, но тие тестови се скапи и често не се покриени со здравствено осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП