30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВаучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина...

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Продолжи традиционалната активност со која Клиника Жан Митрев додели уште 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за семејствата кои имаат новороденче во Општина Центар. Доделувањето ваучери за бесплатен преглед е дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар.

Бесплатниот преглед опфаќа целосен преглед на новороденчето од специјалист педијатар во Клиника Жан Митрев и советување на родителите за понатамошна нега. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да одберат термин кој најмногу им одговара и да закажат преглед за своето бебе. Бројот за закажување прегледи е 02/3091-484.

Целта за овие бесплатни прегледи е намерата на Клиника Жан Митрев да придонесе за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП