9 декември, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАВозачките дозволи со Република Македонија ќе важат до 31 декември

Возачките дозволи со Република Македонија ќе важат до 31 декември

Собранието попладнево ги усвои законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што возачките дозволи со старото име на државата, Република Македонија, ќе важат до 31 декември.

Законските измени беа усвоени со 90 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан, по скратена постапка.

Претседателот Стево Пендаровски треба да го потпише Законот, па потоа тој да биде објавен во Службен весник по што ќе стапи во сила.

Законските измени беа на предлог на пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов.

Промената на Законот се случува откако претходно Министерството за внатрешни работи објави дека возачките дозволи со името Република Македонија нема да важат по 12 февруари ни во државата, а во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.

Од денеска во станиците за технички преглед почна распределбата на бесплатните налепници НМК за регистерските таблички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП