Шаќир Брахими од Скопје е добитник на автомобилот Opel Corsa, главната награда од наградната игра на Македонски Телеком „Телеком наградува“. Шаќир е припејд корисник на Македонски Телеком и денес ги доби клучевите од својот нов автомобил.
Во наградната игра којашто траеше од 22.11.2023 до 10.1.2024 учествуваа над 50 000 припејд и приватни постпејд корисници. Со бесплатно регистрирање преку апликацијата Telekom MK за секоја регистрација учесниците добиваа 5 GB мобилен интернет. За секоја регистрација преку Magenta Moments добиваа 500 Magenta Moments срца, коишто можат да ги искористат за активирање поволности од нашите партнери.


