29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтаро-нов веб портал за технологија и бизнис: GSM.mk

Старо-нов веб портал за технологија и бизнис: GSM.mk

gsmmk

Мобилната технологија (мобилни телефони, лап-топ, таблети, камери, апарати, bluetooth и GPS уреди) се повеќе влијае на успешноста на бизнисот, но и бизнисот ја движи и развива мобилната технологија. За (не)успешноста на одредена зделка во светот, дури и во Македонија, огромно влијание има познавањето на технологијата и на сите новости во оваа сфера, објаснува Горан Николоски, бизнис консултант на специјализираниот веб портал www.gsm.mk.

Млади и амбициозни стручни лица одлучија да го реобноват порталот www.gsm.mk, чија првична идеја било да наликува на добро познатиот “GSMArena”. Но, според Николоски, GSM Macedonia оддамна ја надминал оваа идеја и денес, нуди нешто ново на македонската веб сцена. Читателите може да прочитаат најнови информации за телефоните, таблет уредите и стории за поврзаноста на бизнисот и технологијата. Може да прочитаат и за разните видови софтвер iOS, Android или за Windows Phone, разни стручни рецензии и текстови за хардвер и софтвер за компјутерите.

„Се обидуваме, сето она што ги поврзува бизнисот и технологијата, да го постираме на нашата страница и да го ставиме на увид на јавноста. Секој во Македонија има најмалку еден уред од мобилната технологија. Исто така, речиси секој втор човек во земјава е поврзан со бизнис како двигател на општеството. Затоа, одлучивме тоа да го ставиме на едно место, каде сите граѓани ќе може да ги добиваат релевантните информации“, вели Николоски.

Како што се случуваат секавични промени во сферата на бизнисот и на технологијата, така одговорните лица на порталот прават секојдневни промени на веб страницата, објаснува главниот и одговорен уредник Александар Костовски.

„Најновите информации за софтверот и хардверот во мобилната технологија ги пренесуваме на нашиот сајт. Секој граѓанин може да прочита за најновите мобилни телефони, рецензии за новите таблети, новитети за компјутерската технологија. Сè што се случува во светот во насока на најнови достигнувања, се трудиме, да им ги пренесеме на читателите во Македонија“, вели Костовски.

Исто така, вели Костовски, веб порталот овозможува дебата меѓу самите читатели за одредена тема или напис, можност тие да предложат тема за која сакаат да прочитаат, разни анализи и размисли за светот на технологијата и бизнисот. Идејата е да се привлече поголем број читатели,од сите возрасни групи.

Овој портал нуди можност и за огласување на телефони, таблет уреди, компјутери и останати дигитални уреди на старо, каде читателите може да продадат или да купат одреден апарат преку линкот oglasi.gsm.mk.

Тимот на стручни лица кои го подготвуваат порталот www.gsm.mk нудат и совети за сите разни теми поврзани со технологијата и бизнисот. За повеќе забава се организираат и наградни игри. На последната наградна игра, на која биле доделени слушалки Beats by Dr.Dre, фановите требало да шеруваат (поделат) одреден статус. Според рандом систем е одбран добитникот на слушалките (http://gsm.mk/i-dobitnikot-e).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП