Експертите предупредуваат дека храната која содржи продукти на гликација (познати по кратенката AGE eng. advanced glycation end-products) може да го забрза процесот на стареење на телото.
AGE соединенија настануваат при врзување протеин или масти со шеќер. Премногу пржено, печено и месо на скара, сирење, како и пекарски производи содржат најмногу од овие штетни соединенија.

