6 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Raiffeisen Bank“ најде начин да повлече дел од својот профит од Русија

„Raiffeisen Bank“ најде начин да повлече дел од својот профит од Русија

Минатата недела „Raiffeisen Bank International“ објави дека ќе купи 28% од имотот на „Strabag SE“ во вредност од 1,5 милијарди евра, кои се во рацете на Олег Дерипаска, пишува „Bloomberg“.

Според раководството на банката, ова е дел од стратегијата за повлекување на профитот од Русија.

Сепак, „Raiffeisen Bank“ не коментира зошто оваа стратегија е поврзана со договори со руски олигарх против кого се воведени санкции. Ниту зошто новата единица, која ќе биде префрлена во Австрија, ќе ја води Стефан Золинг – поранешен извршен директор во неколку компании на Дерипаска. Сепак, долги години е близок со основачот на „Strabag“ – Ханс Петер Хазелштајнер.

Подружницата на „Raiffeisen“ има акумулирано профит од повеќе од 3 милијарди евра од своето работење во Русија, што не може да го извезе поради указ на шефот на државата Владимир Путин. Со завршување на трансакцијата, банката ќе може да префрли половина од износот на матичната компанија во вид на дивиденда, а Дерипаска ќе го ликвидира неговиот замрзнат удел во градежната компанија.

Олег Дерипаска купи удел во „Strabag“ во 2007-ма година.

Според банката, трансакцијата ги исполнува сите барања на режимот на санкции против Русија. Одговорот на ова прашање, пак, ќе го даде националната банка, која за „Bloomberg“ потврди дека тие се одговорни, но без да дадат друг коментар.

„Raiffeisen“ е најголемата странска банка која работи на рускиот пазар. Во последните речиси две години, таа пробува начини да ја растури својата подружница или да ја продаде. Банката беше ставена на листата на Украина на поддржувачи на режимот во Кремљ, но потоа отстранета поради заканите од Виена дека ќе го блокира почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП