2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБундеслига ги продаде правата на 21st Century Fox

Бундеслига ги продаде правата на 21st Century Fox

Sky_Germany_21st_Century_Fox_Bundesliga

Германската Бундеслига потпиша договор за правата за глобален пренос на своите натпревари и така конечно го намали јазот со кој Германија ја делеа од глобалниот домет на англиската и шпанската лига. Од сезоната 2015-16, „21st Cenutry Fox“ ќе ги пренесува средбите од Бундеслигата во Северна и Јужна Америка и поголемиот дел од Азија.

Правата се купени на пет години со можност за продолжување на соработката. Натпреварите две години ќе се пренесуваат и во Италија, Холандија и Белгија.

„Со овој договор се потврдува дека Бундеслигата оправдано прерасна во врвен капитал на меѓународните спортски медиуми“, вели Извршниот директор на Бундеслига, Кристијан Зајферт.

Тој за „21st Century Fox“, рече дека е партнер од глобални размери, кој на германскиот фудбал му нуди можност за експонирање во целиот свет и иден раст.

Ниту од Бундеслигата, ниту од „Fox“ не ги објавија финансиските детали од договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП