28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВрховниот суд на Обединетото Кралство: Системите за вештачка интелигенција правно не можат...

Врховниот суд на Обединетото Кралство: Системите за вештачка интелигенција правно не можат да бидат пронаоѓачи

Системот за вештачка интелигенција не може да биде регистриран како пронаоѓач или автор на патент – пресуди британскиот Врховен суд со одлука со која на машините им се ускратува ист статус како и луѓето.

Највисокиот британски суд пресуди дека според законот „пронаоѓачот мора да биде личност“ за да поднесе барање за патент.

Одлуката е крај на долгорочната правна битка на американскиот технолог Стивен Талер за неговата вештачка интелигенција, наречена DABUS, да биде регистрирана во Велика Британија како пронаоѓач – автор на два патенти.

Талер тврди дека DABUS автономно создал еден контејнер за храна и пијалоци и еден светлосен сигнал и дека DABUS има права на своите пронајдоци. Судовите во САД и Европската унија ги отфрлија сличните барања на Талер.

Канцеларијата за интелектуална сопственост на Обединетото Кралство ја отфрли апликацијата на Талер во 2019 година, велејќи дека не може официјално да го регистрира DABUS како пронаоѓач бидејќи не е личност. Откако пониските судови застанаа на страната на Канцеларијата за патенти, Талер поднесе жалба до Врховниот суд, каде панелот едногласно го отфрли случајот.

Судиите рекоа дека DABUS „не е личност, а камоли физичко лице и не дошол до никаков релевантен изум“.

Правните експерти велат дека случајот покажува дека британските закони не се во чекор со технологијата и треба да се ажурираат во светлината на неодамнешниот неверојатен напредок во вештачката интелигенција, особено генеративните системи за вештачка интелигенција, како што е „OpenAI ChatGPT“, кои можат брзо да создаваат нови песни, поезија, компјутерски код.

„Како што системите за вештачка интелигенција продолжуваат да напредуваат во софистицираноста и способноста, не може да се негира нивната способност да генерираат нови и неочигледни производи и процеси со минимален, или можеби дури и без, човечки придонес“, рече Ник Вајт, правен партнер во Charles Russell Speechlis.

„Промената можеби е на хоризонтот, но најверојатно ќе дојде од политиката, а не од судиите“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП