6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle инвестира во соларна електрана

Google инвестира во соларна електрана

google1

Компанијата „Google“ најави дека ќе инвестира 103 милиони долари во „Mоunt Signal Solar“, соларна електрана во Калифорнија.

Новата соларна електрана ќе снабдува 80.000 домаќинства со електрична енергија.

Како што пренесува агенцијата Франс прес, ова за „Google“ е веќе тринаесета инвестиција од овој вид, а досега се инвестирани повеќе од милијарда долари во разни обновливи извори на енергија.

Освен што, како што се проценува, околу 80.000 домаќинства околу Сан Диего ќе добиваат електрична енергија од еколошки извор, овој потег со сигурност ќе придонесе и за подобар имиџ на компанијата во јавноста.

Шефот за корпоративни финансии на „Google“, Којо Асаре, објаснувајќи ја предноста нa оваа инвестиција, изјави дека инвестира во вакви проекти бидејќи имаат смисла од деловната страна, бидејќи вклучуваат обновливи извори на енергија и имаат позитивно влијание на локалната економска слика на подрачјето на кое се наоѓаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП