30 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААгелер: Има и други лица чии случаи сега се процесуираат во Вашингтон

Агелер: Има и други лица чии случаи сега се процесуираат во Вашингтон

Амбасадорката Агелер денеска се сретна со група новинари за да одговори на нивните прашања во врска со неодамнешните назначувања и санкции од страна на Стејт департментот на САД.

Таа информираше дека Анѓушев преку адвокати, веќе поднесол жалба на американската одлука, но како што кажа, има слобода на говор и секој може да реагира на некоја одлука. Притоа појасни дека ставањето на некое лице на црната листа не се заснова само на сомневања, туку на докази.

Амбасадорката Агелер, говорејќи за означувањето на поранешниот вицепремиер за економски прашања Анѓушев и за претстојните, рече: „Има и други лица чии случаи сега се процесуираат во Вашингтон. Не сакам да шпекулирам кога ќе бидат обелоденети, но ви ветувам дека ова нема да биде последното име“.

Во државата владее епидемија на корупција, вели таа.

“Ја има во секој сектор, секоја организација, и само со именување на корумпираните актери ние можеме да почнеме да ѝ помагаме на оваа земја да се справи со тоа“, вели Агелер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП