28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНекои „здрави“ намирници всушност не се тоа, а ние масовно ги јадеме

Некои „здрави“ намирници всушност не се тоа, а ние масовно ги јадеме

Д-р Миджан Браун објави видео на „TikTok“ за храната што треба да се избегнува. Станува збор за храна која се смета за здрава, но од перспектива на метаболизмот не е.

„Сите овие намирници имаат огромен гликемиски ефект откако ќе ги јадете. Колку е поголем ефектот на гликемијата, толку е поголем ефектот на инсулинот, а тоа не е добро бидејќи доведува до отпорност на инсулин. Отпорноста на инсулин е основната причина за сите болести поврзани со начинот на живот“, рече докторот и прикажа графика на болести кои вклучуваат срцеви заболувања, рак, замастен црн дроб, полицистични јајници, еректилна дисфункција, деменција, мигрена, зголемени телесни масти и дијабетес.

Првата храна што д-р Браун не ја одобрува е – овошните сокови. Понекогаш имаат шеќер колку една лименка газиран пијалок.

„Дури и незасладената верзија може да содржи дури 26 грама јаглени хидрати, што е околу шест лажички шеќер. Сето ова со многу малку влакна“, објасни таа.

Следно е овошјето: мангото, ананасот, бананите и грозјето имаат многу шеќер и треба да се третираат како десерт, истакна докторот.

Следува овесно млеко со 15 грама јаглени хидрати по чаша.

„Да не зборуваме дека многу марки купени во продавниците се направени со конзерванси, згуснувачи и емулгатори, од кои сите не се добри за нашето здравје на цревата или нашето целокупно здравје“, истакна д-р Браун.

На четврто место се овесните снегулки кои многумина го препорачуваат како здрав извор на влакна.

„Една чаша овесна каша има околу осум грама влакна, но 62 грама јаглехидрати. Не вреди, луѓе“, рече таа.

На последното место се крекерите од ориз. Во две крекери има 70 калории, но и 14 грама јаглени хидрати и недоволно растителни влакна, што значи дека нема да не заситат.

Влакната го апсорбираат вишокот вода и ја регулираат столицата. Исхраната со малку влакна може да доведе до запек и синдром на нервозно дебело црево.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП