6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБорел: Вклучете го Балканот во одлучувањето уште пред влезот во ЕУ

Борел: Вклучете го Балканот во одлучувањето уште пред влезот во ЕУ

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, во понеделникот вечерта изјави дека Европската унија сака да го вклучи Западен Балкан во процесот на донесување одлуки за надворешната и безбедносната политика пред пристапот на регионот во ЕУ.

Додека претседаваше со состанокот на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ и шесторката од Западен Балкан, тој на мрежата Х напиша дека „местото на Западен Балкан е во ЕУ“.

„Вечерва претседавам со министерскиот состанок на ЕУ – Западен Балкан со шест министри од тој регион. Сакаме да го интегрираме регионот во нашиот процес на одлучување уште пред пристапувањето, вклучително и одлуките за надворешната и безбедносната политика. Местото на Западен Балкан е во ЕУ“, напиша Борел.

Меѓу темите на министерскиот состанок во Брисел се минатонеделните извештаи на Европската комисија за земјите од регионот – пакетот за проширување, усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и подготовката на декемврискиот самит на ЕУ и Западен Балкан.

Претходно во понеделникот Борел рече дека партнерите на ЕУ од Западен Балкан мора „поблиску да ја усогласат“ надворешната и безбедносната политика со ЕУ.

Шефот на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека во тој случај претставници од Западен Балкан би можеле да учествуваат како набљудувачи на состаноците на министрите за надворешни работи на членките на Унијата.

Шефот на европската дипломатија изјави дека некои земји од регионот „немаат голем резултат во усогласувањето со европската надворешна политика и санкциите“.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој исто така учествува на состанокот во Брисел, на платформата Х напиша дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е „заедничка цел“ на двете партии.

„Тоа се однесува на нашата заедничка безбедност, нашата стабилност, нашиот просперитет. Обезбедувањето мир на нашиот континент е наш заеднички проект“, рече Вархеји.

Унгарскиот дипломат претходно во понеделникот напиша дека ЕК е подготвена да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан во Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП