30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНадминете го хроничниот замор со неколку трикови

Надминете го хроничниот замор со неколку трикови

Ако заморот не ви помине после добриот сон, а не можете ни долго да спиете, многу е веројатно дека страдате од хроничен замор.

Станува збор за омалаксаност, не само на телото туку и умот. Хроничниот замор не се манифестира само од физички симптоми, туку е поврзан и со стрес, кој кај најголем број на луѓето е последица на многу обврски, стравови и несигурности.

Еве неколку совети со кои можете да си помогнете себеси и да го совладате хроничниот замор.

Јога

Истражувањата покажале дека секој вид на рекреација е од помош во надминувањето на хроничниот замор, но најефикасна вежба е јогата. По шест недели вежбање јога, волонтерите во една студија забележале подобрување во концентрацијата, енергијата и силата.

Почести паузи

За да се надмине хроничниот замор, значајно е во текот на денот да правите почести паузи од обврските за да вашето тело и ум го опуштите и одморите, советуваат психотерапевтите.

Спиење пред полноќ

Пожелно е на спиење да одите пред полноќ, затоа што е важно да воспоставите добар ритам на будност и сон и да го “наштелувате” телото кога е време за активност, а кога за сон.

Вода

Условот за да се чувствувате одморено и ментално и физички е да пиете доволно вода. Дехидрацијата влијае на енергијата и ја нарушува физичката сила. За да знаете дали пиете доволно вода, основниот показател е бојата на урината.

Попладневна дремка

За оние кои немаат добар сон во текот на ноќта, се советува да спијат половина час дневно. Се разбира, не треба да спиете попладне повеќе од 30 минути, бидејќи може да го пореметите ноќниот сон.

Ослабете

Прекумерното губење на тежината, исто така, може да помогне да се подигне нивото на енергија. Дури и мали промени во тежината од само еден килограм до два, можат да го подобрат расположението и квалитетот на животот воопшто.

Повеќе зеленчук

Причината за хроничен замор може да биде последица на нерегулиран крвен шеќер. Доколку резултатите покажуваат дека гликемијата е во граница на  нормалата, хроничниот замор сè уште може да се надмине со помали но почести оброци богати со свеж зеленчук, кој содржат бројни неопходни витамини и минерали. За нервниот систем е особено важен магнезиумот, а за сон железото и фолната киселина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП