1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИ МОЗОКОТ СТАРЕЕ! Ова е првиот знак за стареење на мозокот кој...

И МОЗОКОТ СТАРЕЕ! Ова е првиот знак за стареење на мозокот кој не смеете да го игнорирате, поврзан е со една навика

Многумина веруваат дека падот на концентрацијата е еден од првите симптоми на стареење на мозокот, но вистината е дека падот на концентрацијата е далеку од првиот знак.

Првиот знак за стареење на мозокот е зголемување на ентропијата. Иако ентропијата е поврзана со физиката и го претставува степенот на неред до кој се стреми сè на Земјата, во овој случај ентропијата се толкува како момент кога си дозволувате она што никогаш порано не би го дозволиле.

На пример: Морате да станете во 6 часот наутро и додека цел живот „скокате“ на првото ѕвонче на часовникот, сега си дозволувате да дремете и да го одложите станувањето од кревет.

Ако цел живот јадете на трпезариска маса, сега се препуштате и сè почесто јадете во дневната соба пред телевизорот.

И ова е само почеток на деструктивниот хаос.

Мозокот многу брзо се навикнува на овој хаос. Прва реагира фронталниот кортекс, кој е одговорен за проценка на информациите и донесување одлуки.

Тоа што фронталниот лобус не функционира како порано, се случува следново: човекoт ја запушта куќата, престанува да ги фрла работите што треба да се фрлат и внесува непотребни работи во куќата.

Наскоро куќата станува магацин на работи наречени „што ако ми затребаат некогаш“, кои со години собираат прашина во собите, поткровјето, терасата, а потоа и во целиот простор за живеење.

Ако се препознаете во оваа ситуација, време е да се разбудите. Не дозволувајте да се опуштите, постојано да ви е удобно, да живеете по фиксен режим бидејќи тоа е сигурен начин за стареење на мозокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП