1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕволуција на јапонски начин: Како ќе изгледа новиот „Suzuki Swift“

Еволуција на јапонски начин: Како ќе изгледа новиот „Suzuki Swift“

Јапонскиот производител најавува нова генерација на популарниот мал градски автомобил со истоимениот концепт.

Третата генерација на „Suzuki Swift“ беше претставена на крајот на 2016-та година и е стар речиси седум години. Тоа е отприлика просечниот животен циклус на еден модерен модел, па не е изненадување што јапонската компанија веќе подготвува наследник.

Пред тоа да се случи, концептот на идниот сериски модел беше претставен денеска, пред неговото официјално деби на крајот на месецот на саемот за мобилност во Јапонија, кој ќе се одржи во Токио. Засега е објавена само една фотографија од ова возило. Можеби формално е означен како концепт автомобил, но се добива впечаток дека идниот сериски модел нема многу да се разликува.

„Suzuki Swift Concept“ веќе изгледа препознатливо на прв поглед, но сепак има бројни промени кои вреди да се забележат. За почеток, рачките на задните врати повеќе не се поставени високо до C-столбот, туку се преместени на нивната вообичаена локација.

На страна, на задната врата има мало фиксирано стакло кое претходно не постоело, додека нова вовлечена линија на каросеријата, веднаш над рачката на вратата, се протега по целата должина на возилото, за да се поврзе со долниот раб на хаубата напред.

Видлива е и значката „Hybrid“ на предниот браник, како и камерата поставена во основата на куќиштето на надворешниот ретровизор.

Предната маска повеќе личи на фејслифтинг на сегашниот модел, наместо на целосно нова генерација. Има освежена мала решетка со радарски сензор на врвот. Оваа нова решетка повеќе не ја носи значката на „Suzuki“ бидејќи корпоративното лого сега се наоѓа над неа.

Видливо пократката хауба изгледа позаоблена од претходно, судејќи според контурите, додека фаровите се дискретно преобликувани. „Swift“ од 2024-та година сè уште има посебни светла за магла, наместо интегрирани во главните фарови, како што е случајот со многу автомобили денес.

Се надеваме дека „Suzuki“ има намера да го понуди новиот „Swift“ и на клиентите во Европа, додека некои производители, како што е „Ford“, излегуваат од сегментот „B“.

„VW Group“ соопшти дека би можела постепено да ги укине моделите „Polo“, „Seat Ibiza“ и „Skoda Fabia“ поради построгите регулативи за емисија на штетни гасови, но тоа веројатно нема да се случи сега благодарение на „наводнетите“ регулативи на „Euro 7“.

„Japan Mobility Show 2023“ започнува на 25-ти октомври, ден претходно, кога ќе дознаеме повеќе детали за овој концепт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП