2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПивото не е здраво, особено не за цревата

Пивото не е здраво, особено не за цревата

Според едно ново истражување, пивото позитивно влијае на цревната флора. Тоа не е точно – алкохолот го уништува потенцијално доброто дејство на другите состојки – вели Хелмут Зајц, кој го истражува влијанието на алкохолот врз човечкото тело.

„Пивото, познато и како „течен леб“, е најстариот алкохолен пијалок во историјата на човештвото. Археолошките истражувања пронајдоа докази за консумирање пиво во Кина уште пред 9.000 години, а Вавилонците го споменуваат и 6.000 години пред нашата ера на нивната глинени табли. Во исто време, пивото е пијалок кој денес, како никој друг, се произведува насекаде низ светот. Во однос на вкупната потрошувачка, пивото е веднаш по водата и чајот”, пишуваат авторите во воведот на студијата од Кина.

Потоа следува: „Како ферментиран пијалок, пивото е богато со многу есенцијални амино киселини, витамини, елементи во трагови и биоактивни супстанции кои се вклучени во регулирањето на многу човечки физиолошки функции. Оваа студија ги сумира механизмите со кои полифенолите, влакната и други корисните компоненти на пивото, кое така ферментативно се разградуваат од цревниот микробиом и на тој начин придонесуваат за регулирање на имунитетот. Производите за деградација на пивото имаат антиинфламаторно, антикоагулантно, антиоксидативно и гликолипидно модулирање на метаболизмот. Позитивните ефекти на биоактивни супстанции во пивото во превенција од рак, намалување на кардиоваскуларни заболувања и модулација на метаболички синдром го прават еден од кандидатите за микроеколошки модулатори“…

Сето тоа звучи одлично!

Контроверзна студија

Сепак, подетален поглед на студијата брзо го расипува расположението. Бидејќи беше финансирана од „State Key Laboratory of Biological Fermentation Engineering of Beer“. И тој е дел од пиварницата „Tsingtao“ – еден од двата најголеми производители на пиво во Кина.

Покрај тоа, двајца од петте автори на студијата се од лабораторијата „Tsingtao“ – така што може да има конфликт на интереси.

Хелмут Зајц, научник кој со децении ги истражувал ефектите на алкохолот врз човечкото тело, затоа се сомнева во независноста на тоа истражување. Го интересираше пред се содржината на таа студија која, како што рече, „е гротескна во споредба со алкохолот“.

„Секако дека има одредени состојки во пивото кои имаат корисен ефект врз здравјето, на пример екстрактот од хмељ“, објаснува Зајц.

Повеќе штета отколку добро

Оксидативното дејство на алкохолот е многу поголемо од потенцијалниот позитивен ефект на сите други состојки, истакнува овој научник – и објаснува дека овој оксидативен ефект доведува до воспаление и го зголемува ризикот од болести – од дијабетес до рак.

Не е познато зошто виното е поздраво од пивото…

„Алкохолот предизвикува рак токму на дебелото црево. Алкохолот се претвора во ацеталдехид во телото и е токсичен“, предупредува Зајц.

И не само тоа: како што вели овој научник, пивото е уште поштетно за цревата од виното. Но, како што забележува, сѐ уште не е откриено зошто е тоа така.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП