14 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСкапо плаќани, денес не вредат ништо: Дури 95% од NFT ја изгубиле...

Скапо плаќани, денес не вредат ништо: Дури 95% од NFT ја изгубиле својата вредност

Дигиталното колекционерство на незаменливи токени практично пропадна и денес за NFT се плаќаат во просек од 5-10 долари.

Се сеќавате ли како некои луѓе беа луди по идејата за незаменливи токени или NFT пред две години? Тоа беше лудо време. И сè уште е лудо време, самиот пазар на NFT практично пропадна.

На тоа укажува и новото истражување, кое открива дека 95% од NFT артиклите на пазарот сега се безвредни. Исто така, се проценува дека скоро 23 милиони луѓе поседуваат NFT кои денес не вредат ништо.

Истражувачите теоретизираат дека многу иматели на NFT чекаат заживување на нивната вредност – што можеби никогаш повеќе нема да се случи.

Оние NFT кои вредат нешто денес всушност не вредат многу – од 8850 NFT колекции, 41% од нив имаат цена помеѓу 5 и 10 американски долари. Помалку од 1% од NFT имаат цена над 6000 долари.

NFT наидоа на жесток отпор од играчите во игрите. Голем број компании се обидоа да го фатат бранот на краткотрајната популарност на NFT, но тие се изгореа во обидот и на крајот се откажаа од продажба на незаменливите токени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП