21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКралевите должат повеќе од 500 милиони евра

Кралевите должат повеќе од 500 милиони евра

Santiago-Bernabeu

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид има долгови од повеќе од половина милијарда евра. Според претседателот на Здружението за вредностите на тимот од Мадрид, Карлос Мендоза, „кралскиот клуб“ е со обврски кон фудбалерите, клубовите, посредниците и различни институции со вкупна вредност од 541 милиони евра.

„Флорентино признава дека само нето долговите кон банките се околу 90 милиони евра. Заедно со другите долгови кон фудбалерите, клубовите, спортските установи, јавните администрации и посредниците, сумата сепак изнесува 541 милиони евра“, открива Мендоза за весникот „Ас“.

Според него тоа се двојно поголеми обврски, отколку во првиот мандат на Флорентино Перес, кога го наследи Лоренцо Санс.

„Претстои реконструкција на „Бернабеу“, која се проценува на 400 милиони евра. Не спасува тоа што приходите се високи. Ние сме клубот со најголеми приходи во светот, но сме и број еден според трошоците. Видете, во последната деценија приходите скокаат по 12 проценти годишно. Во последната година, сепак растот е еден процент, а трошоците не се намалуваат. Сметките се затвораат на 30 јуни. Трошоците од летото ќе се вклучат во следните пресметки. Ако Бејл чини 100 милиони евра и има договор за пет години, бројките ми се чинат скандалозни. Кака не чинеше 120 милиони евра, а одигра 120 натпревари”, дополнува Мендоза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП