Клиника Жан Митрев додели ваучери за педијатриски прегледи за секое новороденче од Општина Центар.
Како дел од меморандумот за соработка потпишан со Општина Центар ова е второ доделување ваучери за семејствата од оваа општина кои годинава добиле дете, откако во мај беа доделени 130 ваучери. Истото е продолжување на традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев придонесува за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.





