6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалините нудат супер заработка, ама нема кој да ги бере

Малините нудат супер заработка, ама нема кој да ги бере

Одгледувањето малини во Македонија во последниве години се претвори во бизнис кој им нуди скромна заработувачка за земјоделците, бидејќи тие се соочуваат со ниски откупни цени и со недостиг на работна сила.

Таков е случајот и со Драган Митковски, земјоделец од Велес, кој во разговор за нашата редакција објаснува дека одгледува малини на еден декар посед.

„Ланската година откупната цена на малините беше 250 денари за килограм, а оваа година цената е многу пониска. Веќе не се исплати оваа работа, бидејќи трошоците се големи, а приходите се мали”, вели Митковски.

Тој се жали дека малините тешко се берат и дека не може да најде работници кои сакаат да работат за дневница.

„Малините се нежни плодови и треба да се берат со внимание. Никој не сака да работи 8 часа на нива за 1.000 денари, а јас не можам да платам повеќе. Само јас и сопругата работиме на нивата, ама не можеме да стигнеме на сите страни”, кажува тој.

Малини во Македонија најчесто се одгледуваат во Полошкиот регион, Пелагонија и во Вардарски регион.

Познавачите на состојбите објаснуваат дека одгледувањето малини може да биде успешен бизнис во земјава, но само ако се обезбедат подобри услови за земјоделците, како што се стабилни откупни цени, финансиска поддршка и обезбедување на работна сила.

Ова би им овозможило на земјоделците да го зголемат своето производство и да го подобрат квалитетот на своите производи.

За успешен бизнис со малини, посочуваат нашите соговорници, потребно е да се имаат предвид неколку фактори, како што се:

-Избор на одговарачка локација за насадите, која треба да биде во зоната на ритско-планинските предели и на надморска висина од 300 до 1000 метри.

-Подготовка на почвата, која треба да биде длабока, растресита, пропустлива, слабо кисела и со доволно хумус.

-Обезбедување на квалитетен саден материјал, кој треба да биде одговарачки за климатските услови.

-Обезбедување на систем за наводнување капка по капка, шпалир и колци за поддршка на растенијата.

-Обезбедување на работна сила за берба и нега на малините, кои тешко се берат и се многу нежни.

-Обезбедување на пласман за производите, кои можат да се продаваат како свежи или замрзнати.

-Користење на државни субвенции и финансиска поддршка за подигнување нови овошни насади.

-Соработување со други производители и преработувачи за стабилни откупни цени и повисок квалитет.

Одгледувањето малини може да биде одличен агробизнис, ако се следат овие чекори и ако се вложи доволно труд и знаење, додаваат експертите.

Како што посочуваат тие, со инвестиција од 5.000 евра за еден хектар малини, од првата берба може да се заработат околу 14.000 евра.

Овој бизнис е добро разработен во соседна Србија, која важи за трета земја во светот по производството на малини. На чело на листата за најголеми произведувачи се наоѓаат Русија и Мексико.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП