4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJapan Airlines купува 31 авион од Airbus

Japan Airlines купува 31 авион од Airbus

airbus3

„Japan Airlines (JAL)“ за првпат одлучи да набави авиони од европскиот производител „Airbus“, и тоа 31 авион од типот А350, чија вкупна каталошка цена изнесува 950 милијарди јени (9,5 милијарди долари).

Досега во флотата на „JAL“ доминираа авионите на „Boeing“, поради долгогодишните соработки на Јапонија и САД кои вклучуваат и безбедносни аранжмани.

Извршниот директор на јапонската филијала на „Airbus“ Фабрис Брегиер и претседателот на управата на „JAL“ Јошихару Уеки денес во Токио потпишаа договор, кој вклучува и дополнителна можност за купување на уште 25 авиони на „Airbus“.

Директорот на јапонскиот авиопревозник изјави дека одбирањето на европскиот производител, чии авиони треба да ги заменат оние на „Boeing“, не е поврзан со проблемите што ги имаше „Boeing“ со акумулаторите на „Dreamliner 787“.

Авионите ќе бидат пуштени во сообраќај во 2019 година, изјавиja официјалните лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП