3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСава осигурување го започна прославувањето на 30-годишнинатасо донација во Црвен крст

Сава осигурување го започна прославувањето на 30-годишнината
со донација во Црвен крст

Оваа година Сава осигурување слави три децении постоење на македонскиот пазар. Во тек се подготовките за прославата со нивните партнери, соработници и пријатели, но од компанијата велат дека одлучиле да вклучат уште една активност по овој повод, во духот на нивниот препознатлив слоган „Во друштво на добри луѓе“. Оттаму, планираните средства за изработка на корпоративни подароци Сава осигурување ги пренамени за донација во Пунктот за бездомни лица на Црвен крст на Град Скопје.

„Веќе 30 години се грижиме за околината во која што живееме, работиме и создаваме долгорочни партнерства. Посветени сме на негување трајни вредности од социјален, еколошки и економски аспект, а општествено одговорниот однос го втемелуваме во секојдневното работење.
Во тие рамки главно се насочуваме кон ранливото население, кон оние кои се на маргините на општеството и на кои им е потребна нашата помош. Оттаму, републичката мрежа на Црвениот крст природно стана наш долгогодишен партнер со којшто лесно ја остваруваме целта да помогнеме онаму каде што е најпотребно.

Низ годините со Црвениот крст на Град Скопје заедно поминавме голем број успешни хуманитарни активности и токму затоа чувствувавме потреба да направиме уште едно заедничко хумано дело за нашиот јубилеј.

И во иднина продолжуваме да бидеме сигурен поддржувач и партнер на Црвениот Крст на Град Скопје и активно да учествуваме во сите идни активности со кои веруваме дека можеме да дадеме огромен придонес и да помагаме каде што е најмногу потребно.

Остануваме доследни на нашата мисија која се темели на долгорочни врски и трајни вредности, и продолжуваме силно да ги втемелуваме  општествено одговорните активности  во нашето секојдневно работење.

На наше огромно задоволство со донацијата покажавме дека сите заедно можеме да придонесеме и да помогнеме во хуманитарните активности коишто даваат целосна поддршка на тие на коишто им е најмногу потребна, односно дека во друштво на добри луѓе навистина сѐ е возможно, бидејќи знаете дека никогаш не сте сами“ – изјави генералната директорка Мелита Гугуловска од Сава осигурување.

За време на доделувањето на симболичниот чек кој ја означи донацијата, од Црвен крст на Град Скопје изразија благодарност до компанијата.

„По големиот број хуманитарни акции на коишто сме соработувале, можам да кажам дека со Сава осигурување навистина сте во друштво на добри луѓе. Досега ја искористија секоја можност да се најдат онаму каде што е потребна помош, и на корпоративно и на индивидуално ниво, особено кога се работи за нашиот Пункт за бездомни лица.

Затоа се радувам и ја поздравувам нивната одлука за донација токму тука, по повод овој голем настан. Им благодарам за убавата досегашна соработка која верувам дека ќе трае долго знаејќи ја нивната посветеност на грижа за заедницата. Исто така, во оваа прилика сакам да им го честитам јубилејот со желби за уште поголеми успеси“ – изјави Сузана Т. Пауновска, Секретар на Црвен крст на Град Скопје.

Покрај посветеноста на општествено одговорни активности, Сава осигурување а.д. Скопје е препознатлива како компанија која континуирано работи на развој на иновативни услуги и продукти за оптимизација на деловните процеси и одржливо работење, каде како што велат, поддршката и грижата за клиентите е во главниот фокус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП