Доколку некогаш сте се запрашале која е најризичната храна што можете да ја јадете, резултатите од една неодамнешна студија би можеле да ве изненадат.
Имено, американскиот „Consumer Reports“ неодамна објави листа на неколку од најризичните намирници, а она со што се занимавале е првенствено анализа на податоци за потенцијални болести кои се пренесуваат преку храна.
На прво место, како што објаснуваат, е зелената салата, а труењата се поврзуваат со свежа зелена салата и салати спакувани во вреќи, како што најчесто се случува во супермаркетите.
Еден од изворите на нивната контаминација е водата што се користи за наводнување на полињата со зелена салата, а истражувањата покажале дека во периодот од 2017-та до 2022-ра година, вкупно 614 луѓе во Америка се разболеле од ешерихија коли или листерија. Исто така, дури единаесет лица од 614 заразени починале како последица на труење.
Како што објаснуваат авторите на студијата, најголемиот ризик е токму во кесите со спакувана салата на кои пишува дека е веќе измиена, па многу луѓе воопшто не ја перат пред консумирање, што е голема грешка.