Дијабетесот е хронична болест во која нивото на гликоза или шеќер во крвта се покачени. Постојат неколку причини за оваа болест, од кои најзначајна е промената на животниот стил што се карактеризира со поголем внес на висококалорична храна и намалена физичка активност.
Симптомите на дијабетес може да бидат различни, а најчесто вклучуваат зголемена жед, сува уста, често мокрење, необјаснето губење на тежината, промени во апетитот, заматен вид, замор и исцрпеност, печење на стапалата и бавно зараснување на раните.

