12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеските кредитори обезбедуваат милијарди долари на руските банки

Кинеските кредитори обезбедуваат милијарди долари на руските банки

Кинеските кредитори позајмиле милијарди долари на руските банки откако западните институции се повлекле од земјата во првата година од војната во Украина, пишува „FT“.

Потезите на четирите најголеми кинески банки се дел од напорите на Пекинг да го промовира јуанот како светска валута, алтернатива на доларот, додаваат медиумите.

Изложеноста на Кина кон рускиот банкарски сектор се зголеми за четири пати во 14-те месеци до крајот на март оваа година, покажуваат најновите официјални податоци анализирани за „Financial Times“ од страна на Киевската школа за економија.

Кинеските кредитори го заземаат местото на западните банки кои беа под силен притисок од регулаторите и политичарите во нивните матични земји да излезат од Русија. Во меѓувреме, меѓународните санкции, исто така, сериозно го отежнаа водење бизнис во земјата.

„Industrial and Commercial Bank of China“ (ICBC), „Bank of China“, „China Construction Bank“ и „Agricultural Bank of China“ ја зголемија вкупната изложеност кон Русија од 2,2 милијарди долари на 9,7 милијарди долари во 14-те месеци до март, според податоците на Руската централна банка. „ICBC“ и „Bank of China“ се одговорни за 8,8 милијарди долари од овие средства.

Во истиот период, австриската „Raiffeisen Bank“ – странската банка со најголема изложеност кон Русија – ја зголеми својата актива во земјата за повеќе од 40% од 20,5 милијарди долари на 29,2 милијарди долари. „Raiffeisen“ бара начини да се повлече од земјата и од март ги намали своите руски средства на 25,5 милијарди долари.

Русија пошироко го усвои јуанот како резервна валута наместо доларот и еврото поради меѓународните санкции.

„Заемите од кинеските банки на руските банки и кредитни институции, кои во најголем дел се деноминирани во јуани, покажуваа дека санкциите функционираат“, коментира Андриј Оноприенко, заменик-директор за развој на Киевската школа за економија, која ги собира податоците.

Порастот на трговијата деноминирана во јуани ја нагласува економската свртеност на Русија кон Кина. Трговската размена меѓу двете земји ќе достигне рекордни 185 милијарди долари во 2022-ра година.

Пред војната, повеќе од 60 проценти од плаќањата на Русија за нејзиниот извоз беа направени во т.н. од Кремљ „токсични валути“ – долар и евро. Помалку од 1% од трансакциите беа во јуани.

Оттогаш, „токсичните валути“ паднаа на помалку од половина од извозните плаќања, додека јуанот го зголеми своето учество на 16%, според податоците на руската централна банка.

„Raiffeisen Bank“ е една од ретките западни банки што задржа значително присуство во Русија, откако неколку други странски кредитори ги продадоа своите подружници во земјата минатата година.

Реформите што ги воведе Кремљ минатото лето им отежнаа на странските банки да ги продаваат своите руски подружници. Во петокот, рускиот заменик-министер за финансии Алексеј Мојсеев ја потврди позицијата на владата да ја спречи продажбата на странски банки.

Профитот на рускиот бизнис на „Raiffeisen“ порасна за 9,6% до 867 милиони евра во првите шест месеци од оваа година. Австрискиот заемодавач ја зголеми платата на персоналот со седиште во Русија за 200 милиони евра.

Европската централна банка го зголемува притисокот врз заемодавците што ги контролира, вклучително и „Raiffeisen“, да ја напуштат Русија. Банката вели дека бара начин да го продаде или одвои својот руски бизнис, а притоа да ги почитува локалните и меѓународните закони и регулативи.

Севкупно, уделот на средствата на руските банки што ги поседуваат странските кредитори падна од 6,2% на 4,9% во 14-те месеци до март.

„ICBC“, „Bank of China“, „China Construction Bank“ и „Agricultural Bank of China“ одбија да го коментираат ова прашање за медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП