Македонка била измамена откако на ФБ договорила и платила сместување во Грција. Парите ги испратила на сметката што и ја пратила извесна „Милена Миленија“ која лажно се претставила дека обезбедува смештај. Таа нема ниту своја фотографија на социјалните мрежи.
Измамената Македонка во ФБ групата „На одмор во Грција“ го сподели своето искуство и сподели скриншоти од разговорот со измамничката за која вели дека е пријавена во српското министерство за внатрешни работи.





