4 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Mastercard“ и „Visa“ се повлекуваат од нивните партнерства со „Binance“

„Mastercard“ и „Visa“ се повлекуваат од нивните партнерства со „Binance“

„Mastercard“ и „Visa“ се повлекуваат од нивните партнерства со картички со најголемата светска крипто берза „Binance Holdings“, соочени со континуиран регулаторен притисок.

„Visa“ престана да издава нови кобрендирани картички со „Binance“ во Европа од јули, изјави портпаролот на крипто компанијата, цитиран од „Bloomberg“. „Mastercard“, од своја страна, целосно ќе го прекине партнерството со картички во септември. „Mastercard“ не ја наведе причината за одлуката, а „Visa“ не одговори на барањето за коментар.

„Binance“ се најде под силен притисок од финансиските регулатори ширум светот по серијата скандали во секторот во текот на изминатата година. Против компанијата и извршниот директор Чангпенг Жао се поднесени случаи од страна на американската Комисија за хартии од вредност (SEC), како и Комисијата за тргување со фјучерси на стоки.

Одлуките на „Visa“ и „Mastercard“ сѐ уште еден удар за напорите на „Binance“ да влезе на мејнстрим пазарот. Компанијата се наоѓа себеси сè поизолирана од традиционалниот финансиски систем.

„Binance“ беше исклучен од американскиот банкарски систем во февруари и ја загуби способноста да прифаќа некои жични трансфери во Австралија во мај. Компанијата неодамна одлучи да го затвори својот стар производ наречен „Binance Connect“, кој им овозможува на бизнисите да прифаќаат крипто плаќања преку „Visa“ и „Mastercard“.

„Binance“ картичката, која беше лансирана во обид да поттикне пошироко усвојување на криптовалути, им овозможува на корисниците на берзата да плаќаат за основните дневни трошоци со своите криптовалути. Програмата „Binance Visa Card“ беше воведена во септември 2020-та година.

Одлуката на „Mastercard“ ќе влијае на сите четири програми за ко-брендирани картички со „Binance“ во Аргентина, Бразил, Колумбија и Бахреин, почнувајќи од 22-ри септември, се вели во соопштението на финансискиот гигант. Во објава на социјалната мрежа „X“, поранешен „Twitter“, „Binance“ рече дека помалку од 1% од корисниците во Латинска Америка и Блискиот Исток ќе бидат погодени од овој потег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП