11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвангардна прослава на 25 годишниот јубилеј на Завар Компани

Авангардна прослава на 25 годишниот јубилеј на Завар Компани

zavar

Во присуство на голем број еминенти личности од бизнис заедницата, јавни личности, соработници и пријатели најголемата македонска компанија за производство на процесна опрема од инокс, Завар Компани вчеравечер (04.10)  на еден необичен и авангарден начин ја одбележа својата 25 годишнина од основањето на компанијата и 10 годишнината од основањето на ќерката фирма Завар Дизајн.

Во текот на изминатите години оваа македонска компанија полека и со сигурност го градеше својот бренд, за денес успешно да оперира во земјата и светот.

zavar4

На големиот настан во Куршумли Ан генералниот менаџер на Завар Компани, Марта Наумовска Грнарова во своето кратко обраќање им се заблагодари нa сите кои изминатите години беа дел од приказната на Завар и даде ветување дека и во иднина оваа компанија ќе продолжи да се развива во нагорен правец и ќе воведува бројни иновативни решенија како во Завар Компани така и во Завар Дизајн.

zavar3

Кулминација на настанот беше музичкиот спектакл, подготвен специјално за оваа пригода, во кој учествуваа три музички групи:  хор, балет и перкуссионистичка група, составена од врвни музичари, кои ја раскажаа приказната за Завар и луѓето кои се дел компанијата на високо уметнички начин користејќи различни реквизити изработени од инокс.

zavar1

Компанијата е основана како фамилијарен бизнис во 1988 година, а денес прерасна во светски бренд со кој секој македонец треба да се гордее.

zavar2

Завар Компани и Завар Дизајн се познати по врвниот професионализам, но пред се како компанија која постојано воведува иновации и работи рамо до рамо со светски брендови, а доказ за тоа се и големиот број на сертификати и признанија кои ги има освоено компанијата на домашно и светско ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП