26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеда го дели Надал од №1 на ранглистата

Победа го дели Надал од №1 на ранглистата

nadal

Рафаел Надал е само на победа од враќањето на лидерската позиција на ATП-листата. Уште еден чекор кон врвот треба да направи Шпанецот на Отвореното првенство на Кина во Пекинг, каде што победи во четвртфиналето во пресметката со Италијанецот Фабио Фонини со 2:1 во сетови.

Така, за да повторно да стане „№ 1“ во светот, тој мора да победи во полуфиналето, во кој ќе игра со победникот од натпреварот Џон Иснер – Томаш Бердих. Дури и евентуална загуба од Ѓоковиќ во финалето нема да му попречи да го симне Ноле од врвот. Подоцна денеска Србинот игра во четвртфинале со Сем Кеури (САД).

Победата против Фонини не дојде воопшто лесно. Шпанецот го загуби првиот сет со 2:6 и заостануваше во вториот со 1:4. Фонини имаше можност за да ја зголеми предноста на 5:1. Надал сепак го спаси брејкпоинтот, а потоа зеде 5 последователни гема и го израмни резултатот во сетови. Во последниот дел тој беше супериорен и триумфираше со 6:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП