3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСок од домати ретко пиеме, а тоа е голема грешка: Поволно делува...

Сок од домати ретко пиеме, а тоа е голема грешка: Поволно делува на целото тело, еве како

Колку често пиете сок од домати?

Секако не до тој степен како што пиете други овошни сокови, или некоја помалку свежа и помалку здрава и газирана варијанта. Но, размислете за тоа – и доматот е исто така овошје, нели? Бидејќи тоа не е доволна причина да почнете да го пиете, прочитајте го остатокот од текстот и дознајте за уште една причина.

Овој сок има многу благотворно дејство на целото тело и е вистинско богатство на здравјето.

СОДРЖИ БРОЈНИ ВИТАМИНИ

Свежиот сок од домати е одличен извор на витамини А и Ц. Со редовно пиење на овој сок ќе спречите можни проблеми со видот, ќе го подобрите имунитетот и ќе го помогнете здравјето на забите и коските.

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТЕШКИ БОЛЕСТИ

Доматите се одличен извор на ликопен, кој спречува појава на неколку различни видови на рак, вклучувајќи ги и белите дробови, дојката, простатата и панкреасот.

ЗАШТИТА ОД СРЦЕВИ БОЛЕСТИ

Доматите се богати со витамин Б6. Се верува дека витаминот го разградува хомоцистеинот, аминокиселина која ги оштетува крвните садови и на тој начин доведува до срцеви заболувања.

ГО НАМАЛУВА НИВОТО НА ХОЛЕСТЕРОЛ

Сокот од домати го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта и го подига нивото на добриот холестерол.

ПОМАГА ЗА СЛАБЕЊЕ

Влакната во доматите ви даваат чувство на ситост, па ќе ви биде од голема помош доколку сте на диета.

ГО ЧИСТИ ТЕЛОТО ОД ТОКСИНИ

Нашето тело содржи бројни токсини и адитиви кои ги внесуваме со храната. Доматите ја помагаат работата на бубрезите и црниот дроб, а со тоа и на чистењето на организмот.

ГИ УНИШТУВА СЛОБОДНИТЕ РАДИКАЛИ

Само една чаша сок од домати дневно ќе го спречи создавањето на слободните радикали во телото, кои се одговорни за многу болести, па дури и за рак. Доматите се исто така одличен извор на антиоксиданси кои можат да го спречат дејството и формирањето на слободните радикали.

ГО ПОДОБРУВА ТЕНОТ

Можете да го пиете сокот, а можете да го нанесете и на вашата кожа. Ќе ви помогне доколку имате проблем со акни и зголемени пори.

СТИМУЛИРА ВАРЕЊЕ

Доколку имате проблем со варењето, овој сок сигурно ќе ви помогне. Овој сок ќе ви го олесни варењето и повеќе нема да страдате од запек, пренесува Магазин Новости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП