27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Stellantis“ предупредува за нов недостиг на чипови

„Stellantis“ предупредува за нов недостиг на чипови

Производителот на автомобили „Stellantis NV“ очекува недостигот на полупроводници повторно да се продлабочи поради зголемената побарувачка за електрични возила во време на зголемен геополитички ризик, што го прави тековниот период на олеснување привремен, пишува „Bloomberg“.

Ризикот од затегнување на пазарот на чипови „драматично ќе се зголеми“ во наредните години со зголемувањето на функциите на софтверот на автомобилите, предупреди Јоаким Каман, кој раководи со купување полупроводници во марката „Jeep“, дел од „Stellantis“.

„Во текот на изминатите две години, огромната разновидност на полупроводници во автомобилите ги влоши негативните ефекти од недостигот на чипови и откако решивме еден проблем, се појави друг“, изјави Каман за „Bloomberg“.

Како што „Stellantis“ се движи кон електрични возила, за кои се потребни посложени чипови и заеднички платформи, секој недостаток „може да влијае не само на една или две од нашите погони, туку можеби пет, шест или седум“, додаде Каман.

Континуираните тешкотии во снабдувањето со полупроводници влијаеја на производството на возила за време на пандемијата на коронавирусот. Иако кризата е речиси завршена, капацитетот за производство на чипови останува ограничен. Индустријата и понатаму е предмет на зголемен геополитички ризик откако Кина соопшти дека ќе го ограничи извозот на два метали кои се користат во индустријата за полупроводници и електрични возила.

За да ги ублажи овие ризици, „Stellantis“ склучи договори со „Infineon Technologies AG“, „NXP Semiconductors NV“ и „Qualcomm Inc.“ и создава база на податоци за полупроводници со планови за нарачки кои се протегаат со години во иднина. „Stellantis“ планира да инвестира 10 милијарди евра до 2030-та година за да обезбеди различни типови на полупроводници.

Компанијата исто така работи со „AiMotive“ и „SiliconAuto“ за развој на сопствени полупроводници.

„Stellantis“ е меѓу главните производители на автомобили кои се префрлаат на електрични возила, каде што се користат значително повеќе чипови отколку во автомобилите што работат на бензин или дизел. Минатиот месец компанијата ги откри плановите за електричен автомобил кој ќе биде достапен за под 25.000 евра. Се очекува на пазарот на почетокот на следната година.

„Досега ситуацијата со чипови покажува значително подобрување со доволно снабдување за втората половина од годината, иако е „само прашање на време“ кога ќе се појави следниот предизвик“, додаде Каман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП