2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗбогум остеопороза: Четири главни совети за да ги сочувате вашите коски здрави...

Збогум остеопороза: Четири главни совети за да ги сочувате вашите коски здрави и да се чувствувате помлади

Со возраста, нашите коски слабеат и често се главен противник во борбата со здравјето на оние кои влегле во шестата деценија од животот. Затоа овие совети како да ги зачувате здравите коски многу ќе ви помогнат и ќе ви го променат досегашниот начин на живот.

Ослободете се од вишокот килограми

Вишокот телесна тежина е многу штетен за коските, особено во долниот дел од телото. Но, тенкоста е исто така нездрава. Луѓето кои тежат помалку од 49 килограми имаат поголем ризик од остеопороза.

Намалете го внесот на протеини

Се препорачува да се јаде 1 g протеин за секој килограм телесна тежина, но многумина ги надминуваат овие вредности, па дури и ги удвојуваат, што лошо влијае на здравјето. Како резултат на прекумерниот внес на протеини, се зголемува излачувањето на калциум преку урината, што влијае на здравјето на коските.

Внимателно со минералите

Особено со внесување на натриум и фосфор, бидејќи количеството на овие минерали се обратно пропорционални со апсорпцијата на калциумот. Конзумирајте сол умерено и не претерувајте со храна богата со фосфор (како газирани пијалоци), бидејќи и фосфорот и солта ја отежнуваат апсорпцијата на калциумот, што може да го загрози здравјето на коските.

Дознајте повеќе за калциумот

Кај храната која содржи калциум, покрај процентот на учество, важна е и моќта на апсорпција, која кај некои намирници од растително потекло е само 5%, додека кај некои намирници богати со витамин Д, како млекото, оваа моќноста е до 30%. За да се спречи остеопорозата, Светската здравствена организација обично препорачува внесување од 1000 до 1500 mg калциум дневно за здрави возрасни лица (во зависност од полот, возраста, бременоста и други фактори).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП