2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСпиете со вклучена клима? После ова добро ќе размислите

Спиете со вклучена клима? После ова добро ќе размислите

Веројатно ви се случило за време на спиењето да се разбудите треперејќи и да сфатите дека собата е премногу студена. Тоа е само еден од факторите што телото ви покажува дека одлуката да ја вклучите климата не е добра за вас.

Клима уредот е најбрзиот начин за разладување на просторијата, меѓутоа, иако температурите се екстремно високи во текот на ноќта и со тоа ни го отежнуваат спиењето, стручњаците напоменуваат дека не треба да се чува навечер.

Постојат здравствени ризици поради кои не се препорачува, но има и практични причини поврзани со трошоците и повисоките сметки за струја. Температурата можете да ја регулирате и на други начини, а има јасни причини зошто не е пожелно климата да работи додека спиете.

Веројатно ви се случило за време на спиењето да се разбудите треперејќи и да сфатите дека собата е премногу студена. Алвин Пулинс, специјалист за одржување на домот, вели дека студената соба и удобното опкружување се клучни за добар сон, меѓутоа, премногу студените температури може да го попречат квалитетот на сонот и целокупниот одмор.

Тоа не е се. Вклучен вентилатор или клима уред може да предизвика алергии и да ве натера да не добивате доволно воздух, што исто така доведува до лош сон. Иако воздухот ќе циркулира низ просторијата, експертите забележуваат дека луѓето не се свесни дека циркулираат и грини од прашина, полен и други алергени. Сушењето на воздухот создава и чувство на затнатост. Доколку имате проблем со насолзени очи, кивање или чешање на грлото, најдобро е да инвестирате во прочистувачи на воздух. Со исклучување на клима-уредот, можете да обезбедите поприродна средина за спиење што е погодна за подобар сон.

Покрај овие фактори, најважна причина е и болката која може да ја почувствувате во текот на ноќта во коските доколку имате проблеми со нив и ако ви е вклучен клима уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП