6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Binance“ се разделува со банкарскиот партнер за трансакции во евра

„Binance“ се разделува со банкарскиот партнер за трансакции во евра

Тековниот банкарски партнер на „Binance“ за трансакции во евра, „Paysafe Payment Solutions Limited“, ќе престане со работа со берзата по 25-ти септември, објави „CoinDesk“.

„„Binance“ ќе го смени провајдерот за депозити и повлекувања од „Euro Bank Transfer“ (SEPA). Нашиот сегашен партнер „Paysafe“ повеќе нема да ги обезбедува овие услуги на корисниците на „Binance“ од 25-ти септември 2023-та година“, рече портпаролот на платформата во е-пошта.

„Нашите корисници потоа ќе треба да ги ажурираат банкарските детали што се користат за депонирање на нивните сметки на „Binance“ и можеби ќе треба да ги прифатат новите услови за користење за да продолжат да ги користат услугите на „ЅЕРА“ по тој датум“, се додава во пораката.

„SEPA“, кратенка за „Single Euro Payments Area“, е интегрирана прекугранична мрежа за плаќање на Европската унија за трансакции во евра.

Веста доаѓа откако „Binance“, најголемата крипто берза во светот според обемот на тргување, мораше да се соочи со незадоволството на регулаторите во Европа и САД.

На почетокот на овој месец, американската Комисија за хартии од вредност (SEC) го тужеше Binance, нејзиниот американски огранок „Binance.US“ и извршниот директор Чангпенг Жао за кршење на законите за хартии од вредност, вклучително и понуда на нерегистрирани хартии од вредност.

Крипто-берзата оттогаш го објави своето повлекување од Британија, Холандија и Кипар, а пазарниот регулатор на Белгија побара од неа да престане да нуди крипто услуги во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП