26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекарско предупредување: Недостатокот на овој витамин може да биде ФАТАЛЕН за мажите

Лекарско предупредување: Недостатокот на овој витамин може да биде ФАТАЛЕН за мажите

Внатрешните работи и долгите, студени зими без сончева светлина, исто така, негативно влијаат на стабилното ниво на овој витамин.

Студијата на американските научници покажа дека мажите кои страдаат од агресивен облик на рак на простата имаат значително пониско ниво на витамин Д од нормалното.

Имено, истражувањето спроведено на Универзитетот Нортвестерн во американската држава Илиноис, а објавено во списанието Journal of Clinical Oncology, открило корисни информации за случаите во кои пациентите се согласиле со својот лекар дека болеста треба внимателно да се следи и под постојан медицински надзор пред пристапот до процедурата за отстранување на простатата или која било друга медицинска интервенција. Ова првенствено се однесува на замена на овој важен витамин за организмот.

Доц. д-р Адам Марфи спец. на урологија и водач на ова истражување вели дека луѓето со темна кожа, мажите кои не добивале доволно витамин Д преку исхраната или не биле доволно изложени на сонце, треба да се тестираат за недостаток на витамин Д во моментот кога е откриен ракот на простата. Недостатокот треба да се надомести со земање на витамин Д во форма на додатоци во исхраната.

Во претходните истражувања, Марфи и неговите колеги откриле дека оние кои не се изложувале доволно на сонце имаат до 1,5 пати поголема веројатност да имаат недостаток на витамин Д.

Внатрешните работи и долгите, студени зими без сончева светлина, исто така, негативно влијаат на стабилното ниво на овој витамин.

Мажите на кои им била дијагностицирана агресивна форма на рак на простата имале нивоа на витамин Д од околу 22,7 ng/ml, што е значително помалку од 30 ng/ml што се сметаат за нормални. Оние кои немале агресивен рак на простата имале просечно ниво од околу 27 ng/ml.

Според најновите истражувања, витаминот Д, освен што го спречува ракот на простата, го спречува развојот на остеопороза, рак на дојка, влијае на дијабетесот и дебелината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП