5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да препознаете дали доматот е прскан: Ова се сигурни показатели

Како да препознаете дали доматот е прскан: Ова се сигурни показатели

Еве како да проверите дали доматот е полн со „хемикалии“ или не.

Многу се зборува за органска храна, прскано или непрскано овошје и зеленчук…

А дали воопшто знаете да проверите дали доматот е полн со „хемија“ или не?

Доматите спаѓаат во групата овошја и е невозможно да се чуваат во текот на целата зима, но се продаваат веќе на пролет.

Како да знаете дали е прскан домат?

За да одредите дали зеленчукот или овошјето има пестициди, можете да исечете домат и да погледнете внатре.

Вообичаено, доматите со токсини имаат жолтеникави ленти, со жолт „дел“ во центарот.

Внимавајте доматите да не се со иста големина и да изгледаат идентично, бидејќи тој што изгледа како да е „нацртан“ по ист модел, сигурно не е природен. Избегнувајте спакувано овошје, тие се речиси по правило од производство во кое обилно се користат хемикалии и пестициди.

Ако доматот не изгледа „совршено“, ако има бразди, кафеави шари или некои од нив изгледаат „фелерично“, најверојатно се работи за непрскан домат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП