20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНовиот лек за рак на белите дробови драстично го намалува ризикот од...

Новиот лек за рак на белите дробови драстично го намалува ризикот од смрт

Употребата на лекот осимертиниб по операција го намали ризикот од смрт кај пациенти со рак на белите дробови за 51 отсто.

„Пред 30 години не можевме да направиме ништо за овие пациенти. Сега го имаме овој моќен лек“, изјави заменик-директорот на Центарот за рак на Јеил и водечки автор на студијата за ефектите на осимертиниб, Рој Хербст, пренесува Гардијан.

Тој изјави дека бројката од 50 проценти е голема работа, особено во случајот со ракот на белите дробови, кој е многу отпорен на терапии.

Говорејќи на Светската конференција за рак на белите дробови во Чикаго, Хербст рече дека „возбудливите резултати“ додадоа уште поголема тежина на претходните наоди кои покажаа дека пилулата може да го намали ризикот од враќање на болеста на половина.

Тој посочи дека некои пациенти во Велика Британија, САД и други земји веќе имаат пристап до лекот. Во извештајот на AstraZeneca, која го произведува лекот осимертиниб, се вели дека лекот покажал невидена и многу значајна корист во однос на преживувањето на пациентите.

Се додава дека по пет години, 88 отсто од пациентите кои земале дневно апче се уште се живи по отстранувањето на туморот, во споредба со 78 отсто од пациентите третирани со плацебо. Ракот на белите дробови е најсмртоносниот рак, годишно убива речиси два милиони луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП