25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекар предупредува на симптоми кои можат да бидат знак за кламидија кај...

Лекар предупредува на симптоми кои можат да бидат знак за кламидија кај мажите и кај жените

Кламидија е една од најчестите сексуално преносливи инфекции во Велика Британија, а како што пренесува The Sun, лекарите сметаат дека повеќе луѓе имаат кламидија, само што не се свесни за тоа. Имено, многу претходни студии покажале дека дури 80 отсто од заразените жени и 50 отсто од заразените мажи воопшто не чувствуваат никакви симптоми, што уште повеќе го отежнува откривањето на инфекцијата и го олеснува нејзиното пренесување.

Сепак, постојат некои суптилни знаци на кламидија на кои треба да обрнете внимание, предупредува докторот Ендрју Харт-Пинто. Како што открива, петте најчести знаци кај мажите вклучуваат болка при мокрење, необичен исцедок од гениталниот орган, болка во тестисот, чешање на уретрата и чувство на печење.

Кога станува збор за симптомите кои се јавуваат кај жените, тоа се болка за време на мокрењето, невообичаен вагинален исцедок, болка за време на сексуалниот однос, крварење помеѓу менструацијата или после сексуалниот однос и болка во стомакот или препоните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП