9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го зачувате имунитетот доколку имате автоимуна болест?

Како да го зачувате имунитетот доколку имате автоимуна болест?

Автоимуните болести предизвикуваат многу проблеми за погодените луѓе. Имунитетот им е на нула и мора многу да внимаваат на сите надворешни фактори.

Покрај нарушувањето во работата на имунолошкиот систем, бројните лекови кои ги земаат влијаат и на општата состојба на организмот и го прават помалку или повеќе подложен на други фактори кои можат да го нарушат здравјето.

Луѓето кои, на пример, имаат лупус, примаат имуносупресивна терапија која во голема мера влијае на имунитетот и на предизвикувачките агенси на бројни инфекции.

Како да го зајакнете имунитетот ако сте во една од овие групи?

Ниту самите лекари не се сигурни и не знаат како да објаснат зошто се јавуваат автоимуни болести, единствено познато е дека жените се почесто жртви и тоа во репродуктивниот период, кога нивото на хормоните е многу високо.

Поради сето ова, многу е важно заболените од овие болести да работат на имунитетот повеќе од било кој друг, а најважно е да внимаваат на редовна и здрава исхрана, балансиран сон и умерен тренинг.

Исто така, пожелно е зголемено внесување на витамини, особено Ц и Д, но не треба да претерувате, па најдобро е прво да се консултирате со вашиот лекар, додека нивото на витаминот Д можете да го дознаете во лабораторија.

Од суплементите, особено се препорачуваат два антиоксиданса. Првиот е глутатион, кој помага во детоксикација на телото, а вториот е ресвератрол, кој го поддржува метаболизмот и има антиинфламаторно дејство. Истражувањата покажуваат дека може да го намали производството на автоантитела и да помогне во забавување на автоимуните болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП