3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧувствувате болка на десната страна на стомакот: Не игнорирајте, последиците можат да...

Чувствувате болка на десната страна на стомакот: Не игнорирајте, последиците можат да бидат опасни

Доколку ве мачат стомачни болки на десната страна, задолжително внимавајте колку долго траат, дали болката се интензивира, дали е периодична или постојана… Најчесто првата помисла е дека се работи за воспаление на слепо црево, а постојат голем број други причини зошто ве боли.

Можно е тоа да се само гасови и варење. Ако сте го промениле начинот на исхрана, јадете премногу храна што содржи влакна или оние кои предизвикуваат гасови, како што се грав, брокула и кељ, може да почувствувате болка во целиот стомак, вклучително и на десната страна. Лошата дигестија може да биде резултат на уживање во алкохол и кафе, пребрзо голтање храна или храна која е слабо сварлива.

Виновникот може да биде и тешкиот тренинг, а нашироко се верува дека „боли слезината“. Тоа е на левата страна, а во овој случај болката се шири под ребрата од двете страни. Можете да си помогнете со лесно истегнување на рацете над вашата глава, а за да го избегнете овој проблем, пред да трчате или тренирате, добро истегнете се и подгответе се да бидете подготвени за напорот.

Можни болести и состојби:

Кила

Сè што предизвикува оптоварување на стомачните мускули може да предизвика кила. Зголемен притисок на предниот абдоминален ѕид може да се појави поради дебелина, за време на бременост, кревање тегови, запек и долгорочно кашлање. Лошата исхрана и пушењето исто така може да ги ослабат мускулите и да го зголемат ризикот од развој на кила. Подоцна, печење во препоните и внатрешната страна на горниот дел од ногата може да се појави и при одење и долго стоење. Можно е и чувство на тежина во желудникот кое е придружено со запек и непријатно чувство во стомакот или препоните при кревање тегови.

Воспаление на слепо црево

Докторите најчесто се сомневаат кога станува збор за болки на десната страна на желудникот. Покрај болката, симптомите на воспаление на слепо црево може да вклучуваат гадење, нагон за повраќање, често мокрење, а понекогаш и дијареа или запек. Може да почувствувате и болка во целиот стомак. Болката е обично трајно присутна и не исчезнува со промена на положбата на телото. Задолжително одете во болница за да спречите пукање на слепото црево, што може да предизвика сепса.

Циста на јајниците

Според експертите од клиниката Мајо, цистите на јајниците често остануваат незабележани од жените, но тие можат да пораснат толку големи што предизвикуваат болка. Важно е да се консултирате со лекар за да дознаете за каква циста се работи и дали е потребен зафат или терапија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП